Сезоната на прослави започна, па веруваме дека секоја девојка размислува за својот изглед. Овој пат се осврнуваме на модните додатоци, особено оние за коса.

Доколку изминатава година бевте вљубеник во бохо-изгледот, кој беше несомнено најактуелен, на тој начин и можете да ја завршите годината.

Лентите со ластик и украсни камчиња се одличен начин да вметнете бохо-нота во празничниот изглед.

Исто така, да не ги заборавиме златните гранки, кои станаа ултра популарни.

Украсите за коса се одлични и доколку не сте голем љубител на ѓердани. Впечатливиот моден додаток во косата може сосема да го насочи вниманието на вистинското место, а вие да се чувствувате слободно.

Во продолжение погледнете неколку предлози:

Објавено:
9 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.149 пати