Ако нешто е вистински актуелно ова лето, тогаш тоа без двоумење би биле украсите за коса во варијанта на ленти или венчиња. Меѓу нив како особено впечатливи се издвоија лентите и венчињата со цветови. Хипи стилот повторно е популарен само сега во помодерна и урбана верзија.
Модната понуда која на пазарот ја лансираа модните куќи и брендови изобилува со неверојатни модели и дизајни кои со сигурност веќе ги обожавате. Иако можеби најпрактични, но и најудобни за вашата глава се едноставните траки кои се носат преку чело, украсени со цветови и лентите со јазол со кои изгледате како вистинска пин ап девојка, сепак познатите дизајнерски имиња лансираа и такви модни додатоци декорирани со бисери и светкави камчиња кои се олицетворение на луксузен, гламурозен и елегантен изглед.
Заборавете на долгото стоење пред огледало ова лето, вашата фризура ќе биде спремна за миг, а вие ќе бидете девојка која има свој стил и знае како да ги вметне последните модни трендови во своето модно секојдневие.
Секоја кралица си има своја круна, затоа погледнете ги највпечатливите модели на додатоци за коса и кажете ни кое најмногу ви се допаѓа.