Во плакарот на секоја жена секогаш постои место за уште една чанта.
А кога се во прашање модните додатоци, дизајнерите се „немилосрдни" во фантастичниот избор што ни го нудат секоја сезона. Но, за чантите оваа пролет е посебна.
Актуелните сезонски колекции на речиси сите светски модни брендови се надополнети со совршен избор на чанти, а кај некои дизајнери пак дури акцентот е ставен токму на овие модни додатоци.
Мора да забележиме дека годинава особено се актуелни мини чантите, во некои случаи (како примерот на Долче и Габана) дури и комбинации на две малечки чанти, но сепак големината ја одбирате според вашите потреби.
Доколку сте љубител на чанти со необичен дизајн што граничи со фантазијата, тогаш сигурно помеѓу вашите фаворити ќе се најдат и чантите на Москино, Асос и Софија Вебстер.
Марк Џејкобс за оваа пролет дизајнираше чанти со рачно навезени детали, додека еден од највпечатливите и најсофистицираните модели за оваа година се чантите на Барбери.
Во продолжение направивме селекција на оние брендирани чанти што оваа сеозна ни оставија најголем впечаток.