Миланската модна недела заврши, а ние во продолжение ќе ви претставиме дел од највпечатливите модни додатоци. Нешто спекаткуларно и мошне иновативно не видовме, но сепак аксесоарите што ги одделивме се едни од must have парчиња за следната пролет-лето сезона.
Грчки сандали од Алберта Ферети
Релаксираната колекција на Алберта Ферети ќе се памети по лесните, лелеави фустани, антилоп јакните, но и по сандалите во грчки стил, украсени со тантела, машнички, реси...
Shoes №21
Во гранџ колекцијата на Алесандро дел Аква, не може а да не се забележат ексцентричните, а сепак елегантни чевли.
Шапките на Макс Мара
Доколку ги сакате 1970-тите, тогаш нема потреба да потенцираме дека оваа шапка е нешто што мора да го имате. Можеби веќе и имате дома таква, што ве потсетува на детството.
Клач со реси од Салваторе Ферагамо
Со оглед дека 1970-тите беа присутни на миланската модна недела во голема мера, не изненадува и присуството на ресите, а Саваторе Ферагамо одлучи да ги аплицира на клач чантите, со што создаде една од омилените чанти за пролет 2015.
Чизмите на Етро
Уште еден пример за употребата на ресите. Комбинацијата на боите ги прави да изгледаат уште попривлечно и нежно.
Ролерите од шоуто на Москино
Сите модни додатоци од последното шоу на Москино испирирано од Барби светот се посебни на свој начин и секако Барби. Но, она што сите ги врати во детството се ролерките на четри тркала. Можеби повеќето од нас и нема да се „повозаат“ со нив, но сепак, Москино остана доследен на изненадувањата и спектакуларните шоу-а.
Организираните чанти на Вераче
Совршени за деловните жени и сите оние што држат до тоа да им бидат работите организирани. Во надворешните џебови може да се ставаат два мобилни телефона, маскара и два сјаја за усни ( за преку ден и навечер). Сепак, чантата има и внатрешни џебови во кои можете да ги ставите овие работи, доколку живеете во метропола каде што нема да ја пропуштат можноста дека нешто им е „при рака“.
Чевлите на Прада
На прв поглед, сите чевли од ревијата на Прада изгледаат мошне неудобно. А всушност се баш удобни. И покрај тоа што потпетиците се високи, нивната широчина и правилниот пад ги прават овие чевли носливи.
Гладијаторски сандали на Фаусто Пуглиси
Уште една варијанта на старите, грчки сандали што ги сретнавме кај Салваторе Ферагамо, „воените“ римски високи сандали, со црни кожени кивчиња нитни.
Обетките и круната на Долче и Габана
Кога се ревиите на ова модно дуо во прашање, едноставно се нурнувате во луксузноста не само на облеката, туку и на модните додатоци, од клач чантите, преку обетките до круните. Се' е скапо, со многу орнаменти, прекрасно, а годинава со шпанско-сицилијански допир.
Чевлите на Марни
Обувките на овој бренд се мешавина од јапонски сандали, новите технологии и модерната страст кон спортот.
Чанти како кутија од Ермано Скервино
Овие коцкасти чанти се достапни во повеќе варијанти, од класични цени и бели, до оние во разни бои и со принт. Одличен моден додаток за страствените љубителки на модата.
Турбаните на Мисони
Турбаните се уште не си заминуваат од модната сцена, а Мисони го потврди тоа. Нивниот предлог е марама во многу бои, завиткана како крпа за коса после туширање.
Ресите и накитот на Армани
Колекцијата „Пустина“ на Армани беше вистински погодок. Иако модните додатоци во прв момент нема да ви го земат вниманието, ако погледнете подобро тие се мошне впечатливи. Малите чанти за преку рамо во метални нијанси и со реси се нешто што секоја девојка би го посакала, а светкавите ѓердани, во форма на кругови се навистина освежувачки момент.