Декември е асоцијација на празници, семејни собири, весела атмосфера и подароци.

Изборот на подарокот некогаш може да биде лесна задача, но понекогаш вистинска потрага.

Денеска се осврнуваме на подароците за неа, особено на оние што би можеле да ги подарите ако сте во тукушто започната врска, или доколку сте пријатели, колеги, познаници и не го знаете конфекцискиот број што го носи.

Ранецот беше апсолутен хит во 2015 година, од бохо-забави и музички фестивали, до модни настани. Голем број познати личности се одлучија ја овој моден додаток, кој беше еден од задолжителните на последната голема ревија на Шанел.

Ако девојката е љубител на музика, ова е еден од поубавите подароци што можете да ги купите. Кул и модерно.

На кого не му треба зимска, дебела капа, со меко топче? Или интересни ракавици. Одличен избор зазимски подарок во кое било време.

Накитот е секогаш добра идеја. Ако девојката има поелегантен стил, масивните ѓердани и обетки ќе бидат подарок на кој ќе се израдува, не само поради фактот дека се ултра модерни, туку и дека може да ги комбинира на повеќе начини.

Очила за сонце се добредојдени и во зима. Ако го познавате нејзиниот сензибилитет, тогаш можете лесно да ја завршите работата.

Паричник-чанта - одличен и безвременски подарок. Ретко кога можете да згрешите со вакво нешто.

Маска за телефон во празничен дезен? Зошто да не! Ѕвездите можат да имаат повеќе значења...

Ако не ви е проблем да купувате ваков тип на работи, тогаш високи чорапи, црни, се апсолутен моден погодок, особено ако и девојката е вљубеник во модата.

Доколку се работи за девојка која често патува, тогаш козметичките чантички се нешто што ќе ѝ биде добредојдено во секое време.

 

Се работи за деловна жена? Тогаш елегантно портмоне е досетлив и убав подарок.

Марама или шал - можеби еден од најчестите женски подароци, сепак својот вкус покажете ги преку изборот на материјал, дезен, квалитет...

Бањарка е еден од најпрактичните подароци што можете да ги дадете. Изборот на женски бањарки е голем, па покажете ја својата умешност во бирање подароци.

Украсно венче за коса. Во екот на предновогодишни забави и новогодишни прослави, овој порадок ќе биде добредојден речиси за сите жени. А и кога ќе го носи, ќе мисли на вас.

Ова се предлозите, а останатото е на вас. Усогласете ги вашите можности, стил и стилот на девојката или жената за која ќе купувате подарок и израдувајте ја вистински!

Објавено:
14 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.049 пати