GQ: Најдобро облечен Британец е...

5 јануари 2016

Машкиот магазин GQ ја започна 2016 со тоа што ја презентираше листата за најдобро облечените Британци за изминатата година.

Изборот е направен во соработка со Mercedes-Benz, а е резервиран за февруарското печатено издание, иако дигиталната верзија ќе биде достапна уште од неделава.

Тие ги анализираа Британците што во изминатата година ги гледавме на јавните настапи и иако дел од нив од некои други медиуми беа прогласени за најлошо облечени ( на пример, Патрик Гранд е на петтото место за најдобро облечен Британец според GQ, но од Mail Online во ноември месец беше прогласен за најлошо облечен маж).

Како и да е, комплетната листа од 50-тото до 1-вото место можете да ја погледнете овде, а ние ви ги презентираме првите 10...

10. Дејвид Ганди (Минатата година се најде на 9-тото место)


9. Бенедикт Камбербач (минатата година на место број 2)



8. Ромео Бекам (повторно на листата)

 

7. Скепта (минатата година на 36-тото место)

 

6. Хари Стајлс (повторно на листата)

 

5. Патрик Грант (повторно на листата)

 

4.Дејвид Бекам (минатата година на место број 46)

3. Сем Смит (за првпат на листата)

 

2.Ник Гримшау (минатата година на место број 5)

 

1. Еди Редмејн (и минатата година на место број 1)

Објавено:
5 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
655 пати