Дејвид Бекам награден од УНИЦЕФ

14 јануари 2016

Во Беверли Хилс завчера се одржа шестиот по ред годишен УНИЦЕФ бал, во партнерство со „Луј Витон“.  На овој начин модната куќа го претстави партнерството со хуманитарната организација за деца (Louis Vuitton for UNICEF), со цел да им се помогне на децата погодени од воени конфликти, болести, природни катастрофи и други ситуации што ја загрозуваат нивната безбедност и добра состојба.

Селена Гомез, Мараја Кери, Никол Кидман, Хајди Клум беа само дел од познатите личности што се појавија на оваа свеченост и помогнаа да се соберат преку 2.5 милиони долари за добротворни цели во програмата на спасување животи.

Бекам пак, беше одликуван со посебната награда „Humanitarian Leadership Award“, за неговиот придонес за помош на децата, преку неговата „Seven Foundation“. Наградата му ја врачи долгогодишниот пријател, Елтон Џон, кој уште еднаш му се заблагодари на овој татко на четири деца што во неговата долга кариера секогаш имал време за интернационална хуманитарна работа.

Елтон Џон

Кога е стилот во прашање, Бекам остана доследен на елеганцијата, носејќи класично црно одело и вратоврска-пеперутка.

Инаку, хуманитарната организација реши му ја врачи оваа награда на Бекам, откако тој одлучи да изигра седум фудбалски натпревари на сите седум континенти, а со цел да се развие свесноста за УНИЦЕФ. Исто така, Дејвид е Амбасадор на добра волја во хуманоста цели 10 години пред да ја основа својата фондацција.

Седумката е важен број за Дејвид. Тоа беше на неговиот дрес додека играше за репрезентацијата на Англија и „Манчестер Јунајтед“, а тоа е и средното име на неговата ќерка Харпер.

- Живееме во свет во кој децата сè уште умираат од болести што се лечат, или се жртви на злоставување и насилство. Јас имам четири деца и нема да престанам да го поддржувам УНИЦЕФ сè додека не сум сигурен дека сите деца се безбедни, здрави и имаат светла иднина пред нив. Едвај чекам да продолжам да правам сè што можам за УНИЦЕФ и мојата фондација за да им помогнеме на децата ширум светот – изјави поранешниот фудбалер.

Меѓу познатите гости беа и Мишел Родригез, Миранда Кер, Џенифер Конели, а гостите со изведбата на „Always Be My Baby, We Belong Together и Hero ги забавуваше и Мараја Кери.

Никол Кидман успеа сосема да го сврти вниманието кон себе и тоа благодарение на креацијата од „Луј Витон“. Актерката одлучи да излезе од комфорната зона и да облече тоалета со длабок V-израз и голем шлиц во предниот дел, што на моменти ја будеше имагинацијата на присутните.

Иако, таквото покажување кожа знае да предизвика проблеми, Кидман сепак успеа одлично да се снајде и совршено да ја износи креацијата.

И Селена Гомез се одлучи да носи креација од оваа модна куќа и тоа од последната ресорт колекција. За разлика од останатите што се одлучија за светкави креации, младата пејачка се одвои со кожен фустан, што одлично ѝ прилега и на силуетата и на младоста.

Селена Гомез

Често критикуваната Хајди Клум, која сме навикнати да ја гледаме во „голи“ фустани и пердуви, овој пат реши да облече посмирена комбинација, одлучувајќи се за класичен, црн фустан со потпис на Викторија Бекам.

Хајди Клум

Кога сме кај Викторија, таа не беше присутна на балот, но својата поддршка за сопругот ја изрази јавно, преку Инстаграм профилот: „ Со својата невеојатна работа инспирираш многу луѓе, а ние многу те сакаме – Викторија, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер“.

А ако говориме за смели креации, тогаш и Мишел Родригез би можела да влезе во оваа категорија. И таа се одлучи горниот дел да го истакне со длабоко деколте, нозете со страничен шлиц. Црвениот фустан е со долги ракави, но отворен и во пределот на грбот, со што Мишел сакала да го истакне сиот свој сексапил.

Мишел Родригез

За црвена боја се одлучија и амбасадорката на УНИЦЕФ, прекрасната Енџи Хармон , како и актерката Џенифер Конели.

Енџи Хармон

Конели го искористи моментот да проговори и за неодамна починатиот и легендарен Дејвид Боуви.

-Го запознав Дејвид Боуви кога имав 14 години и тој стана мој херој. А стана мој херој поради тоа што тој беше уметник, затоа што беше гениј што има време да биде и љубезен и фин. Никогаш пред тоа не сум запознала таков извореден, посебен уметник, а и оттогаш до денес. Светот ќе биде многу посиво место без него. Моето сочувство до семејството и неговите сакани – изјави актерката.

Џенифер Конели со сопругот

Ако некој негативно нè изненади со стајлингот, тоа е дефинитивно Миранда Кер. Иако сакала да ги истакне згодните нозе, сепак ваков фустан воопшто не ѝ ласкаше на манекенката.

На свеченоста присуствуваа и Брук Бурк, Холи Робинсон Пит, Камила Бел, Ноурин Девулф, а што носеа тие погледнете во продолжение:

Мараја Кери

Џеси Меткалиф со девојката Кара Сантана

Дејвид и Хајди Клум

Дејвид во друштво на добриот пријател, Сајмон Фулер, менаџерот на Викторија

Брук Бурк и Холи Робинсон Пит

Камила Бел (лево), Брук Бурк (средина) и Ноурин Девулф (десно)

Никол Кидман во друштво на фотографот Патрик Демарчелиер

Објавено:
14 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
187 пати