Непосредно пред почетокот на модното шоу во Њујорк, минатата недела светските медиуми зборуваа за новиот изглед на Викторија Бекам, токму од последната колекција (која ја презентираше изминатов викенд).

Но, Викторија не им се допадна само на модните стручњаци, туку и на Селена Гомез, која се појави во истата креација од дизајнерката.

Бекам не го криеше задоволството, па ја сподели и на својот Инстаграм профил, на кој напиша: „Колку е убава Селена Гомез?!! Ја носи мојата омилена комбинација од #VBPреАW17 х VB“.

Дизајнерката го комбинираше фустанот со бели обувки и очила за сонце, додека Селена се одлучи за сандали со животински принт.

На која подобро ѝ стои?

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.217 пати