„Fancy Flower Boutique“– ново бајковито катче на улица Македонија

4 февруари 2016

Во центарот на Скопје, на улица Македонија ќе наидете на излог пресликан како од приказна. Нашето ново омилено бајковито катче е „Fancy Flower Boutique" коe беше отворенo вчеравечер и ѝ даде една нова, убава енергија на најпознатата скопска улица.

Бутикот е резултат на 12-те успешни години во бизнисот со организација на различни прослави, на сопственичката Елена Крстевска која стои зад приказната „Fancy marriage".

Овде ќе најдете сѐ за потребите на организирањето и декорирањето на најубавите денови во вашиот живот, од уникатно декорирани свежи цвеќиња до совршени тематски аранжмани за маса.

Пред да го направиме интервјуто за овој убав повод, Елена ја затекнавме во подготовки за вчерашното отворање, помеѓу неодоливите мириси на свежо цвеќе, магичните декорации и аранжмани и романтичните ноти што се чувствуваа во уникатниот амбиент на „Fancy Flower Boutique".

Во меѓувреме, љубопитни минувачи привлечени од фантастично осмислените излози влегуваа за да поуживаат во убавината na амбиентот во кој се сублимирани долгогодишното искуство, креативноста и посветеност на сопственичката.

„По 12 години функционирање со организација на свадби, родендени, деловни настани итн, отвораме ново место „Fancy Flower Boutique". Сакаме да биде нешто поразлично од класична цвеќара, да правиме поштосни и тренди аранжмани, а сите поклони што ќе ги декорираме може да бидат во комбинација со цвеќе или со декоративни машни. Во бутикот може да се најдат комплетни аранжмани за различни настани, свадби, родендени, крштевки. Имаме покани, бомбони, китенки, цветни аранжмани од природно цвеќе, комплетна декорација за сали, тоа е и првичното што го работиме" вели Елена.

Сите заинтересирани клиенти тука може да добијат комплетна услуга за нивните настани, од идеја до реализација. Во рамките на бутикот, односно во галеријата на вториот кат, одвоено ќе функционира и „Fancy marriage", каде сите заинтересирани може да се посоветуваат и да добијат одлична идеја како да и дадат посебна магија на нивната свеченост или настан.

„Сите настани ќе ги договараме овде, односно на вториот кат т.е во галеријата на бутикот каде „Fancy Marriage" ќе си функционира одвоено. Тука може да се видат и експонати од сѐ она што го работиме. Сѐ може да се изработува по нивна желба, со наши сугестии, а доколку има клиенти кои буквално ми даваат одврзани раце, за нив подготвуваме сѐ, од почетната тема и идеја како да изгледа па се до крајниот производ, па можам да кажам и дека најуспешно декорираните свадби се тие. Така буквално можам да влезам во „филм" и креативно максимално да се изразам. Сепак со договор со младенците", додава Елена која посветува исклучително внимание секоја свадба и секој настан да бидат приказна за себе, со своја единствена магија и совршен спомен.

Во однос на најактуелните декоративни теми за минатата година и за претстојната сезона на свадби, Елена вели дека биле, а и ќе останат актуелни винтиџ и рустичните декорации.

„Бевме на три саеми во Холандија. Едниот беше за цвеќиња и таму учествуваат излагачи од цел свет, а другите два беа за свадби, и од стекнатото искуство од овие саеми можам да кажам дека се става акцент на винтиџ и рустик темите. Но, кога свадбите и салите каде се одржуваат, се поелегантни тогаш се прилагодуваме на амбиентот за да не мешаме стилови. Имаме различни реквизити и за елегантно, модерно, ексклузивно. Оваа сезона на свадби, во креативното декорирање најчесто се користат природни материјали, гранки, цветни аранжмани, теглички украсени со тантела или коноп, натписи на дрвени подлоги, пораки од младите до гостите, тоа е нешто многу актуелно и што најчесто го бараат младенците. Она што е особено актуелно периодов се и цветните аранжмани со сукуленти како (красула – билка која во јапонската култура има улога за привлекување пари и среќа, сансеварија, алое, кактуси). И секако, класика се елегантните понуди каде преовладуваат кристалите, белите панделки, тантелата", потенцира сопственичката.

Топло ви препорачуваме да го посетите „Fancy Flower Boutique". Тука со сигурност ќе се инспирирате, мотивирате и ќе го најдете совршениот начин да ги дизајнирате спомените од најзначајните денови во вашиот живот.

Спонзорирана објава

Објавено:
4 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.647 пати