Стела Мекартни лансира линија за мажи

16 февруари 2016

Познатата британска дизајнерка Стела Мекартни најави дека ќе лансира дизајнерска линија сепецијализирана за мажи, објави онлајн магазинот WWD.

Првата машка колекција со потписот на Мекартни ќе биде дизајнирана за сезоната пролет-лето 2017 година кога конечно сите мажи што се препознаваат во нејзината естетика ќе имаат можност да носат нејзини парчиња.

Инаку ова е прв пат по шест години, Мекартни да имплементира нов сектор во нејзината модна куќа, откако во 2010 ја отвори својата модна империја наменета за дизајнерска облека за бебиња.

 

Објавено:
16 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
111 пати