Што содржи оскаровската торба вредна 232.000 долари?

22 февруари 2016

Раскошните забави се нешто вообичаено за номинираните на секое издание на Оскар. Годинешнава Оскаровска чанта за забава е вредна 232.000 долари, што е за 40 проценти повеќе од минатогодишната, чија вредност изнесуваше 160.000 долари.

Дел од подароците што ги добиваат номинираните се лифтинг на гради (1.900 долари), десетдневно ВИП патување во Израел (55.000 долари), 15-дневна тура (прошетка) низ Јапонија (54.000 долари), вибратор (250 долари), персонализирани M&Ms бомбони (300 долари), тоалетна хартија (254 долари), пластична операција (740 Park – 5.530 долари), тридневен престој во Grand Hotel Tremezzo, на езерото Комо во Италија (5.000 долари) и уште многу други скапи и бизарни предмети.

Веројатно номинираните воопшто нема да се бунат после големата вечер да си заминат со една ваква торба со подароци дома, но има еден мал проблем – подароците не се одобрени од Академијата.

Компанијата што ги прави овие торбички е независна и не е во партнерство со Академијата (Академијата официјално престана да ги дава подароците во 2006 година, поради службата за внатрешни приходи, која реагира на големата вредност на подароците). Сепак, маркетинг агенцијата задолжена за подароците (Distinctive Assets) ја промовира годинешната торба како 14-тата годишна „Секој добива“ торба со подароци во чест на Оскарите.

Нема потреба да се потенцира дека Академијата не е воопшто среќна поради тоа, па затоа и тужбата на адреса на компанијата не е за изненадување. Таа бара отштета од компанијата за дезинформирање на публиката за врската со манифестацијата, употреба на заштитниот знак на Оскарите, како и забрана за негово користење.

Примедби има и на содржината на торбата со подароци – секси играчки и пластични операции не се нешто што Академијата го сака, бидејќи го нарушува имиџот на институцијата. Челните луѓе сметаат дека после бојкотот, на Оскарите не им треба дополнителен скандал.

Комплетната листа на подароци погледнете ја тука.

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.001 пати