Мокасинки што вашите најмили ќе ги обожаваат

27 февруари 2016

Како што речиси секогаш се случува, брендот Mini Mocks настанал како потреба на една мајка да ги најде совршените чевличиња за своето најмило.

Кога не успеала во намерата, Петра Гардефјорд почнала да дизајнира чевли и во 2013 – тата го создала својот бренд што денеска го обожуваат мајките од сите страни на светот, пишува journal.hr.

Mini Mocks мокасинките се направени од вистинска кожа, тие се меки и многу удобни за бебињата, а нивниот пресладок дизајн ќе направи да се заљубите во нив на прв поглед.

Како и поголемиот број нови брендови и Mini Mocks се развил и добил на популарност благодарение на социјалната мрежа Инстаграм каде Петра има следбеници од целиот свет.

Моделите на брендот чинат околу 60 евра по чифт, но има и бројни други поедноставни модели што можете да ги нарачате за пониска цена.

Погледнете дел од моделите во продолжение.

Објавено:
27 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.066 пати