Fashion & Lifestyle Expo 2016 од 18 до 20 март

7 март 2016

Од 18. До 20. Март во Македонската опера и балет ќе се случува првиот Fashion & Lifestyle Expo каде на едно место ќе се пресретнат различните аспекти од секојдневието на модерниот човек: технологијата, врвниот дизајн, модата и добриот вкус.


„На овој настан ќе имате можност од близу да ги погледнете последните модни трендови и новитетите во областа на технологијата, електрониката, автомобилизмот, внатрешното уредување, проследени со одлична музичка и шоу програма. Ќе наздравиме со ексклузивни пијалоци во име на животниот стил кој секојдневно го градиме и истиот ќе го засладиме со вкусот на пралини од високо квалитетна чоколада", велат организаторите Моментум Инк.

Како што потенцираат организаторите, настанот е наменет за оние кои сакаат да го предизвикуваат обичното, а ветува богата програма на работилници со невообичаена и интересна содржина, врвни изложувачи кои секојдневно нудат повеќе од обичен производ – нудат визија, инспирација, идентитет.

„Главната цел ни е да создадеме атмосфера каде посетителите ќе можат да поминат низ различни катчиња со посебна енергија и да го почувствуваат оној „wow"-ефект кога ќе дојдат во допир со нешта кои се сѐ само не вообичаени, да се запознаат со интересни личности од сите области преку кои свесно или несвесно градиме наш животен стил, имиџ, идентитет. Fashion & Lifestyle Expo е место да запознаете луѓе, да се инспирирате, да предлагате ваши идеи. Ова е едно место кое не е наменето за оние кои сакаат рутина, туку е наменето за они кои сакаат да ги „размрдаат" нештата и да направат промена. За сите оние кои бараат нови и нови начини за себе-изразување." – велат од организацијата на настанот.

Влезот на настанот од 12 до 20 часот е бесплатен, додека после 20 часот ќе чини 100 денари.

Во прилог целосната програма:

18.03.2016, Петок, Отворање

20:00 Filip Stevanovski Trio
21:00 Live Show
22:00 DJ Boogieman

19.03.2016, Сабота

12:00 - Култура - Патување и животен стил: приказна раскажана низ романите на Елизабет Адлер
13:00 - Skopje Casual - како до успешен моден блог во Македонија
14:00 - Јована Филиповиќ, Игор Марков и Fashion & Friends - Модна работилница за градење личен стил / комбинирање на дизајнерски и брендирани парчиња
17:00 - Македонскиот рубин - моќниот зрак на нашето срце
18:00 - Gorenje by Starck - одраз на Вашиот животен стил и личност

20:00 Тиквеш - Wine Tasting Event / Дегустација на вино
21:30 Wolford - Lingerie Fashion Show Extravaganza / Ексклузивна модна ревија на долна облека
22:00 DJ Goce

20.03.2016, Недела

12:00 - Едукативно - креативна работилница за деца: Да се запознаеме со Бреинобраин
13:00 – Дуна Компјутери - Moќност, префекција, живот со стил
14:00 - Ashaya Exclusive Pet Grooming Studio – Urban Grooming на домашни миленици
17:00 - LGA - Indulge in Style & Luxury / Стил и луксуз
18:00 - Центар за бизнис психологија - Lifestyle - Inside-Out / Животен стил - Да се биде најдобра верзија од себе

 

Објавено:
7 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
245 пати