HFW Expo: Викенд одбележан во духот на здравјето, фитнесот и велнесот

26 септември 2017

По големата најава за третото издание на HFW Expo, може да кажеме дека овој викенд, во Градскиот парк, на терените Работнички, поминаа два убави сончеви дена во духот на здравите навики, фитнесот и велнесот!

Трета година по ред, на HFW Expo се собраа најдобрите брендови  и  компании во земјата, да ги промовираат своите производи и услуги од областа на здравјето, фитнесот, велнесот, кои здружени заедно нудат подобар и поквалитетен живот.

„И ова издание покажа дека интересот за водење на здрав животен стил, создавање на здрави навики, а искоренување на лошите, се’ повеќе и повеќе расте, па така оваа година бројката на посетите ги надмина и нашите очекувања“, велат организаторите



Богата програма на четири анимирани сцени, понуди одлична содржина за разноврсната публика, така што, од најмладите до повозрасните имаа избор на најразлични активности – од најсовремени динамични и интеренсни тренинзи и програми за вежбање, презентации и предавања од областа на здравјето, здравствените проблеми и начини за нивна превенција, совети од врвни медицински лица и нутриционисти, масажи, третмани, до креативни, едукативни и спортски активности за правилен раст и развој на деца, натпревари и квизови со многу вредни награди.



Огромно браво за сите оние кои дојдоа со велосипед, за оние кои се пресрамија и се приклучија во тренинзите и активностите и за оние кои ги понесо своите најмили и ја поддржаа нашата иницијатива дека здравите навиките се стекнуваат од најмали нозе и пред се’, во кругот на семејството.

На оние што го пропуштија настанот, можат да ги погледнат фотографиите, кои пренесуваат огромен дел од атмосферата.



Веруваме дека третото издание сите посетители ги остави со многу убави спомени, нови корисни информации, бројни контакти и пријателства!

Потрудете се барем дел од новостекнатите здрави навики да потраат до наредниот септември и со добро здравје да го дочекаме четвртото издание на  Health, Fitness & Wellness Expo!

Објавено:
26 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
223 пати