Што се’ ќе се случува на третиот Health, Fitness & Wellness Expo

13 септември 2017

На  23-24 септември во Градски парк, терени Работнички, ќе се случи третото издание на  третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo, а за сите вие што сакате да присуствувате, веќе е позната и програмата.

Оваа година, покрај одличната промена на локацијата – на отворено, третото издание на овој исклучителен настан ќе понуди и одлична, најбогата програма до сега, со мнгоу, многу активности (дури над 70!). Она што е ново е што активностите ќе бидат распоредени на четири сцени на кои паралелно ќе се одвиваат активности – Health Center, Fitness Stage, Wellness Zone и Kids Corner, како и еден анимациски дел со натпреварот OBSTACLE COURSE.

Ако не сте сигурни кога да дојдете, еден од предлозите е  СПИНИНГ ШОУ во сабота, на 23-ти септември, во 12 часот, на Fitness StageНе пропштајте да видите колку минути спининг се потребни за 50 ml цеден сок! :)

Уште нешто што особено ќе ја одбележи оваа сцена, е големиот тренинг, во чест на прерано починатата пилатес инструкторка и поранешна балерина Ирина Митевска. Со својата кариера, Ирина ги постави темелите на пилатесот во Македонија и стана синоним за оваа дисциплина, па настанот е отворена покана за сите вежбачи, но и инструктори во сабота, на 23-ти септември, во 18:15 часот заедно да ѝ оддадеме почит и да извежбаме еден енергичен пилатес час.

Health, Fitness & Wellness Expo не ги заборава ниту најмладите, па, Kids Corner-от ќе изобилува со многу интересни и разновидни активности, а најдобрите едукативни и спортски центри за деца, ќе одржат едукативни, креативни и спортски активности и натпревари за најмалите вежбачи. 

И оваа година, ќе бидат застапени многу награди. Традиционално ќе се одвива натпреварот Scavenger Hunt, а новитет ќе биде натпреварот со пречки – Obstacle Course – кој ќе бара од натпреварувачите поголема физичка активност и ќе им постави разни предизвици. Двата натпревари ќе понудат над 60 вредни награди за учесниците, па не испуштајте да се забавувате и да си освоите нешто!

Сите овогодинешни изложувачи (над 40) од областа на здравјето, фитнесот и велнесот, кои на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања можете да ги погледнете тука.

Влезот за настанот ќе чини 50 денари, а за деца до 12 годишна возраст влезот е бесплатен.  Бесплатен ќе биде влезот и за сите оние кои ќе дојдат на настанот со велосипед!

За сите дополнителни информации и детали за активностите, изложувачите и учесниците на #HFWExpo3 следете ја Facebook фан страната и официјалниот настан!

 

Објавено:
13 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
298 пати