Must have: Ранче со шик приврзоци

10 март 2016

Во пресрет на најубавото годишно време, сега е вистинскиот момент да го освежите вашиот плакар со најубавите модни додатоци за сезонава.

Она што мора да го имате е дефинитивно ова тренди ранче во кое ќе ги соберете сите ваши богатства, а истовремено ќе бидете супер стилски.

Дополнително, предноста на истото е тоа што можете да го комбинирате буквално со секоја комбинација, без разлика дали станува збор за елегантно палто или пак некоја шик маичка и јакна.

Совршено ќе се вклопи и во секоја комбинација на која ќе и додадете бели патики кои се исто така вистински хит сезонава.

Конкретно, ова ранче можете да го најдете во продавниците на Parfois во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
856 пати