„Жената која сум“ на Olimpia Bijoux

31 март 2016

Новата колекција, пролет-лето 2016, на Olimpia Bijoux е инспирирана од свежите и нежни бои кои ги красат пролетните цветови во најубавата сезона за свадби која ни предстои.

Деталите за коса, накитот, а и сите останати декоративни елементи се рачно изработени и уникатни. Новата колекција пролет-лето 2016 е наменета за сите смели и самоуверени девојки и невести кои сакаат да бидат впечатливи и запаметени по својот стил и уникатност. Во дел од деталите на новата колекција е вметнат Македонскиот традиционален филигран разигран во нова и модерна форма.

Од тимот потенцираат дека невестата што го носи накитот на Olimpia Bijoux  е привлечна, слободна, различна, но најважно од сè е девојка која чекори самоуверено и гордо на најважниот ден од својот живот. Со долгогодишното искуство, тимот се труди да внесе дизајн, квалитет, креативност и убавина во еден од најважните денови од животот на секоја девојка.

Модел:   Ангелина Китановска

Фотографија:  Миладин Паповиќ

Шминка:  Виктор Мирчевски

Фризура: Студио „Артистико“

Венцаници:  Студио Зиане

Објавено:
31 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.147 пати