Џиџи Хадид и Зејн Малик ја официјализираа врската со нивниот прв едиторијал за модната библија Вог во кој изгледаат неверојатно заљубени. 

Најновата омилена холивудска двојка го краси мајското издание на магазинот, со бројните фотографии направени од големиот Марио Тестино во шармантниот Неaпол. 

На фотографиите, Џиџи и Зејн се супер расположени, а на речиси секоја од нив тие се бакнуваат и се гледаат навистина заљубено.

Една од фотографиите остави најголем впечаток, а на истата можеме да ги видиме манекенката и пејачот на кревет во навистина интересна поза. 

Џиџи и Зејн се првата двојка која се појавува во магазинот од едиторијалот на Ким и Канје во април 2011 година. 

Тие објавија неколку фотографии и на нивните профили на социјалните мрежи, на кои сосема нормално, имаше безброј позитивни реакции од нивните следбеници за кои знаеме дека ги има во милионски број.

Објавено:
6 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
797 пати