Првиот ден од работната недела поминете го во стилска романтична комбинација составена од елегантно црно здолниште до колената во комбинација со оваа романтична кошулка во крем нијанса. Бидејќи денеска носиме елегантно здолниште, задолжително комбинирајте го со стилски потпетици што ќе внесат дополнителна доза шарм во комбинацијата. Не заборавајте ја и чантичката во црна нијанса со златни додатоци, а одберете и накит во слична, златна нијанса.

Ви посакуваме успешна работна недела!

Објавено:
11 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати