Понеделник во беж
•
4 септември 2017
Нова работна недела е пред нас, а со тоа и нови предизвици. Но, без разлика на тоа каква ќе биде и со што ќе се соочите, не заборавајте дека треба добро да изгледате.
Нашиот денешен предлог е комбинација во беж нијанси. Одбравме тесни, класични панталони со висок струк и ремен кој се врзува во панделка.
Ги комбинираме со тенка кошулка на долги ракави со интересен цветен принт. Чевлите се во слична нијанса со панталоните, на висока потпетица се и ременчиња во предниот дел.
Комбинацијата ја заокружуваме со беж чанта, очила за сонце и дискретен кармин.
Имајте успешна работна седмица!