Понеделник во зелено
•
22 мај 2017
Новата работна недела е пред нас, а ние одлучивме да ја започнеме во темнозелена нијанса.
Миди здолништето со ремен што се врзува во панделка во половината, го комбинираме со блуза во беж боја. Ракавите се со панделки, со портокалова внатрешност и маслинесто зелени паспули.
Чантата е во истите нијанси, а чевлите се исто така маслинесто зелени.
Ви посакуваме успешна работна недела.