Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а кога е изгледот во прашање, ние ја стартуваме со комбинација во нежни тонови.

Со оглед на тоа дека најавија облаци и дожд, ние одлучивме со стајлингот да му пркосиме на времето. 

Нашиот денешен предлог е здолниште во бела нијанса со жолти паспули. Го комбинираме со романтична кошула која се врзува во делот на околувратникот во панделка, а ракавите благо се шират.

На тоа додаваме пончо-наметка во розово-жолта комбинација, која се врзува на преклоп и има ремен на средината.

Комбинацијата ја заокружуваме со пастелно розова чанта и салонки.

Имајте успешна работна недела!

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
926 пати