Понеделник во кафени нијанси
•
28 јануари 2019
Добро утро! Новата работна недела започна, а ние ја стартуваме како и секогаш со предлог комбинација. Денешниот избор е здолниште во А-крој со принт во кафени тонови и големи џебови.
Го комбинираме со црна ролка и капут, кој пак, е во кафени нијанси. Капутот е со широк крој и големи џебови.
Стајлингот го заокружуваме со чизмички до глужд во слична нијанса, чанта и беретка.
Ви посакуваме успешна и среќна седмица!