Понеделник во ролка и син капут
•
22 јануари 2018
После продолжениот викенд, новата работна недела ја започнуваме со комбинација во интензивно сина нијанса, која секако ќе ве направи впечатливи.
Карираните панталони со висок струк, кои се апсолутен хит сезонава ги комбинираме со црна ролка. На тоа додаваме син капут со џебови и на врзување.
Од модните додатоци, додаваме црни чизми до глужд, со интересна тока во предниот дел и чанта во слична нијанса со капутот и исто така интересна тока за закопчување, со црвено-жолт детаљ.
Ви посакуваме успешна работна недела!