Понеделник во колор-блок пенкало здолниште
•
5 февруари 2018
Новата работна недела ја стартуваме со деловна комбинација во беж нијанси. Највпечатливо од сите парчиња е колор-блок пенкало здолништето, кое не само што е трендовско, туку поради нијансите (беж, црна и бела) е многу благодарно за комбинација.
Ние го комбинираме со црна блуза-кошула на преклоп. На тоа додаваме беж салонки и чанта во слична комбинација на бои како здолништето.
Со класичниот беж капут ја заокружуваме комбинацијата, која е женствена, елегантна, деловна и моќна!
Имајте убава работна недела!