Пред нас е уште една работна седмица, а понеделникот го боиме во пастелни тонови, со летна комбинација што лесно ќе ја вклопите и во вашиот деловен стил.

Нашиот предлог е здолниште на преклоп и карнер од едната страна, со ремен што се врзува на половината. Со оглед на тоа дека ова парче е со принт во зелени и розови тонови, се одлучивме да одиме на посмирена варијанта, па кошулката без ракави е само во пастелно розова, а во таква нијанса се и салнките.

Чантата пак соодветствува на зелените тонови од здолништето, а на целата комбинација додаваме и очила за сонце, без кои не треба да излегувате од дома.

Доколку работното место не ви дозволува кошули без ракави, на комбинацијата додајте ѝ и палто во соодветен тон.

Ви посакуваме успешна работна недела!

Објавено:
19 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
917 пати