Новата работна недела ја започнуваме со една женствена, а сепак деловна комбинација. Понеделникот го боиме во пастелно сина.

Фустанот е без ракави, со карнер во долниот дел. Копчињата во пределот на здолништето и рамената го украсуваат и му даваат дамска нота.

Го комбинираме со сандали во бисерна нијанса, и очила во слична нијанса. 

Чантата пак, е во сино бела комбинација, а на сето тоа додаваме и кармин во свежа розова нијанса.

Ви посакуваме успешна работна седмица!

Објавено:
24 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
795 пати