Новата работна недела ја започнуваме со весела комбинација. Се одлучивме за плисирано здолниште со кариран принт, во тегет-бела комбинација.

Го комбинираме со горен дел без ракави во црвена боја. Карнерот и дискретната тантела го прават нежен и женствен.

На тоа додаваме кратка јакничка во бела нијанса. 

Кога се модните додатоци во прашање, чевлите се црвени, чантата е за преку рамо и во тегет-црвена комбинација, додека ременот на здолништето е комбинација од трите споменати бои - бела, тегет и црвена.

Имајте убав ден и успешна работна недела.

 

 

Објавено:
14 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
812 пати