Новата работна недела ја започнуваме токму со една деловна комбинација. Нашиот денешен предлог се сиви панталони со риги и металик сјај. Она што ги прави уште поинтересни е детаљот од десната страна во форма на карнер, во скомбинација со портокалови и зелено-сини нијанси.

Ги комбинираме со бела пеплум кошула на долги ракави, а со оглед на тоа дека од викендов имаме есенски температури, на сето ова додаваме и палто-јакна во иста металик нијанса со панталоните.

Кога се модните додатоци во прашање, ние се одлучивме за колор-блок салонки во боите како и карнерот на панталоните, што внесуваат динамика во комбинацијата и веселост. Чантата пак, е едноставна и бела со метална рачка.

Ви посакуваме успешна работна недела!

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.221 пати