Понеделник во топла беж и бела комбинација
•
25 ноември 2019
Добро утро! Новата работна недела и последна во месец ноември ја започнуваме со топла комбинација во беж и бела нијанса.
Панталоните се со висок струк и широки ногавици со раб на средината, што им дава деловна нота. Искомбинирани се со бела блуза односно џемпер и беж капут до колена.
Стајлингот е заокружен со бели обувки и голема кафена чанта, која го освежува изгледот и го прави уште повпечатлив.
Ви посакуваме успешна работна недела!