Добро утро. И оваа работна недела, последна од месец септември ја започнуваме со предлог комбинација за инспирација.

Овој пат е составена од карирани панталони со ѕвонести ногавици и бела ролка. Колор-блок чевли на широка потпетица и карирана чанта се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Иако ја нема на фотографијата, вие додадете јакна или пак блејзер и започнете ја неделата со стил.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
27 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
720 пати