Добро утро. Последната недела од јуни е пред нас, а ние секако ја започнуваме со предлог за тоа како можете да изгледате.

Денешната комбинација е составена од бел кошула-фустан со широко здолниште. Интересен е бидејќи има откриени раменици и спуштени ракави, но и тенки прерамки, па затоа е и супер избор за работното место.

На тоа се додадени сандали со ремчиња и исто така во бела нијанса, а стајлингот е заокружен со мала црна чанта.

Вие можете да додадете и очила за сонце, марама или шешир.

Започнете ја неделата со стил.

Ви посакуваме убав понеделник :)

Објавено:
28 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
659 пати