Понеделник во бело и беж
•
13 јануари 2020
Добро утро! Новата работна недела ја започнуваме со деловна комбинација во бела и беж нијанса. Како што се гледа и од фотографијата, панталоните со прав крој и средишен раб на ногавиците во беж нијанса се во комбинација со бела топла ролка.
фото: @reiss.com;
На стајлингот е додаден и бел капут со ревери и должина до под колена.
Кога се модните додатоци во прашање, во конкретниов случај се одбрани бела чанта и беж сандали со ремче, но секако дека сандалите ќе ги замените со чизми до глужд или чевли, а изборот на чанта може да биде ваков или пак да употребите некоја поинтензивна нијанса.
Оставаме на вас.
Имајте убава и успешна работна недела.