Оваа работна недела ја започнуваме со сонце, што нè инспирираше денешната комбинација да биде во нежни и светли тонови.

Се одлучивме за панталони со висок струк и широк ремен на врзување, кој го комбинираме со блуза со делумно отворени ракави.

На тоа додаваме црни чизми до глужд со портокалово-кафени нијанси, а токму во таква нијанса е и чантата.

Од модните додатоци додаваме и часовник. 

Иако на фотографијата го нема, долго широко палто или мантил е нешто што дефинитивно треба да го додадете на комбинацијата.

Ви посакуваме успешна работна недела!

Објавено:
30 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.097 пати