Тренд аларм: Тексас здолниште + слатка кошулка

19 април 2016

Она во што мора да инвестирате оваа пролет, покрај останатите хит парчиња, е и ова тексас здолниште со копчиња и оваа слатка кошулка во сина нијанса.

Комбинацијата од истите е неверојатно стилска, а одлично е и тоа што можете да ги комбинирате и со други парчиња.

Во случајов, комбинацијата ја надополнивме со високи сандали во прекрасна розова боја и уникатна бохо чантичка што ќе го разигра секој ваш стајлинг.

Носете го здолништето и со бели патики како омилени сезонава и со разни блузички и кошулки за различна пригода од денот.

Украсете ја кошулката со колоритно ланче со реси како едни од најпосакуваните додатоци сезонава. 

Комбинација: Fashion group

Здолниште и кошула: Springfield

Сандали, чанта: Mango

Ланче: Parfois

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Elena Luka

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.867 пати