Утрово се разбудивме со малку потопло и поубаво време од претходните денови, но тоа не значи дека повторно треба да се вратиме на лесните комбинации. И денеска носиме стилско џемперче што убаво ќе не стопли и го комбинираме со овој шик тексас комбинезон. Сѐ уште е супер време за вашите чизмички до глужд, па така не двоумете се и одберете ги оние во нежна кафена боја. Чантата денеска е највпечатлива од целиот стајлинг, а што се однесува до накитот, комбинацијата украсете ја со оваа слатка бохо алка со додатоци.

Бидете среќни оваа среда!

Објавено:
27 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
382 пати