Винона Рајдер во панкерско-готски стил на насловната на Interview
•
7 мај 2013
Винона Рајдер се појави во мајскиот број на магазинот со фотографиите на Крег Мекдин за кои стилистот Карл Темплер ѝ подготви стајлинг кој е мешавина на панк и готски стил. Одлично изгледа во фотосесијата и преку стилистичките решенија, успева дури и моделите на елегантниот Џорџо Армани да направи да изгледаат мрачно, мистично и авангардно. Покрај моделите на Армани, во едиторијалот во филм-ноар-стил, Винона позира облечена и во креации потпишани од Нина Ричи, Ланвин, Оскар де ла Рента, Валентино, Луј Витон... Во интервјуто 41-годишната актерка зборува за минатото, сегашноста и за тоа како чувствува дека е „доволно убава“.