Оваа пролетна сезона, покрај парчињата со реси, подеднакво ги обожаваме и чантите со овие неодоливи модни додатоци. Тие ќе бидат вистинско освежување на секоја ваша комбинација, а на вашиот стил ќе му додадат романтична нота.

Модните додатоци и парчињата со реси оваа сезона преовладуваат во речиси секоја дизајнерска колекција и истите се неверојатно актуелни и посакувани.

Во дизајнерските колекции секогаш ќе најдете и совршени бохо парчиња, блузички со голи рамена и макси здолништа кои одлично ќе ги истакнете со овој модел на чанти.

Оваа сезона, заборавете на едноставните и класични модели на чанти, бидејќи ресите и пом – пом топчињата се најпосакуваните кога станува збор за модни додатоци.

Во галеријата погледнете ги 20 – те најпосакувани модели на чанти со реси што воедно се и најпродавани. 

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.895 пати