Иако темно зелената боја претежно е резервирана за зимските денови, воопшто не грижете се и слободно комбинирајте ја и во топлата сезона.

Во периодот на матури, свадби и бројни прослави, постојано ви треба инспирација за вашите комбинации, а денеска имаме една прекрасна!

Одберете тесно здолниште до колената во комбинација со маичка во иста нијанса, а за ефектот на зелената да биде уште подобар, наметнете го и овој стилски капут кој го обожаваме оваа сезона.

Не чекајте го летото за совршените сандали, па комбинирајте едни токму такви во кафена нијанса и со овој стајлинг.

Украсете единствено со едно впечатливо ланче, „залижана“ фризура и нежна шминка!

Комбинација: Fashion Group

Маичка/здолниште/мантил: Mango

Сандали: Bata

Ланче: Parfois

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Салон Infinito Skopje

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
613 пати