Во пријатна и забавна атмосфера, дизајнерката Јована Филиповиќ вчеравечер пред пријателите и соработниците ја презентираше новата колекција за пролет 2016 година.
Младата дизајнерка и овој пат остана доследна на својот минимализам, што го надогради со материјали со интересна структура. Дизајнирајќи за современи и моќни жени, таа овој пат понуди комбинации идеални за летните забави, но и парчиња кои лесно можете да ги имплементирате во сопствениот стил.
Следејќи ги светските трендови, вибрацијата од 1970-тите се почувствува и овде, презентирана преку ѕвонестите ракави, V-изразот, принтовите.
Има креации и за тие што преферираат андрогеност во изгледот, па женската верзија на машките сакоа, одлично се вклопи во модата приказна.
Во продолжение ќе го видите и едиторијалот направен за оваа пригода, на кој соработуваше со Јована Зука (фотографија), Дарко Мишовски (шминка), Ангела Карова (модел):