Конечно дојдоа топлите денови кои толку долго ги чекавме! Сега е вистинско време да ги извадите фустанчињата од плакар и да ги правите најубавите летни комбинации. Денеска носиме неверојатно романтично бохо фустанче со интересен цветен дезен и го комбинираме со слатки сандалки во кои ќе се чувствувате супер удобно во текот на целиот ден. Комбинацијата надополнете ја и со оваа уникатна чантичка во крем и бела нијанса со најслатките реси кои се хит додатоци сезонава. Шминката и фризурата се секогаш едноставни, а единствено тоа и ни треба на вакви топли денови.

Уживајте во оваа сончева сабота!

Комбинација: Fashion Group 

Фустан: Springfield

Чевли: Parfois

Чанта: Mango

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Студио Infinito Skopje

Објавено:
28 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.358 пати