Понеделник во бело фустанче
•
6 јуни 2016
Овој понеделник поминете го во шик бело фустанче со нежни пруги кое одлично ќе се вклопи во сивиот почеток на работната недела. Го комбинираме со стилско, широко крем палто како едно од омилените на трендсетерките ширум светот. Бидејќи температурите се супер, без двоумење комбинацијата надополнете ја со сандали со потпетица, а стајлингот украсете го со една од најпосакуваните чанти сезонава!
Уживајте во неделата што доаѓа...
Комбинација: Fashion Group
Фустан, палто: Mango
Сандали: Bata
Чанта: Parfois
Модел: Мартина Пенева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Infinito Skopje