Матурска приредба на децата од „11 Октомври“
•
1 јуни 2016
Денеска во Домот за деца без родители „11 Октомври" во Скопје, матурантите и полуматурантите со интересна забавна програма го одбележаа завршувањето на една и започнувањето на нова етапа во нивниот живот.
Во присуство на бројни пријатели и соработници, помеѓу кои и модната куќа Елена Лука која важи за голем пријател на оваа установа, децата се претставија со музичка програма со која на своите другари им ја честитаа матурата или полуматурата.
Децата од домот на своите пријатели им подарија благодарници и искрени насмевки, како возврат за постојаната поддршка која тие им ја даваат во градењето на нивната личност, а пред се за вложувањето во себе и во нивното образование што е еден од клучните моменти во нивниот комплетен развој.