Најновата ресорт колекција на Роберто Кавали за лето 2017 е сѐ што сме посакувале да носиме од 1970-тите.

-Таа е рок божица и летен патувач – изјави Питер Дундас објаснувајќи ја девојката на која ѝ е наменета колекцијата.

Привлечноста на парчињата не е само во кроевите – изобилуваат ѕвонести панталони, широки фустани, широки кошули – туку и во боите.

Кога мислите на Кавали мислите на животински принт и шаренило. Од тоа не се отстапува ниту овој пат. Иако животинскиот принт не е доминантен, сепак е присутен во дел од фустаните и палтата, а миксот на бои едноставно ве хипнотизира и не можете да не се вљубите макар во едно од парчињата.

Ноншалантноста на 1970-тите е задржана, но искомбинирана со доза на луксуз што сме навикнале да го бараме од овој бренд.

За да се постигне тој ефект, Питер и неговиот тим користеле ткаенини од Латинска Америка, украсени со племенски мотиви, а комбинациите ги дополнуваат со украсен антички накит, сандали на платформа и чизми од кожа на питон.

Кога ги гледате фотографиите, сигурно ви паѓаат на ум Џими Хендрикс или Мик Џегер, што воедно е и една од испирациите и замислите за тоа како треба да изгледаат дел од комбинациите.

-Животот е веќе доволно тежок, нема потреба и модата да биде така тешка – порачува Дундас.

Објавено:
2 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
920 пати