Џенифер Лопез ги носи најубавите костими за капење!

6 јуни 2016

Неодоливата Џенифер Лопез ја отвори летната сезона со најубавите костими за капење за кои знаеме дека ќе бидат вистински хит ова лето! 

Таа објави фотографија на нејзиниот Инстаграм профил како ужива покрај базен во Лас Вегас облечена во секси едноделен бел костим за капење во комбинација со тренди очила за сонце и неодолив црвен кармин. 

Како што објави под фотографијата, таа била дел од роденденската забава на една од нејзините танчерки Тера Перез која ја придружува на турнејата во Лас Вегас. 

Очигледно таа одлично се забавува во Лас Вегас и ужива за време на нејзината турнеја, па претходно ја видовме и на една забава за време на Memorial Day во придружба на нејзиното момче Каспер Смарт, облечена во шик костим за капење од Емилио Пучи. 

Летната сезона за поп дивата започна уште во мај кога можевме да ја видиме како ужива на плажа во Мајами, облечена во бел костим за капење комбиниран со стилски модни додатоци.

 

Објавено:
6 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.670 пати