Кога Тејлор Свифт ќе изненади обожаватели на свадба...

6 јуни 2016

Голем дел од двојките што се венчаваат, имаат проблеми со тоа каква музика да одберат за нивната свадба, односно дали тоа да биде група, диџеј, некој рок бенд и слично.

Прекрасните Макс Сингер и Кениа Смит воопшто го немале овој проблем со оглед на тоа што на нивната свадба се појави ни повеќе, ни помалку, туку Тејлор Свифт.

Таа им приреди вистинско изненадување на сите присутни, облечена во прекрасна пролетна креација со нејзината препознатлива шминка и фризура.

Според магазинот People, сестрата на невестата била таа која го организирала целото случување. Таа ѝ испратила писмо на Тејлор, во кое објаснила дека Макс и Кениа се венчале претходно во болницата во која неговата мајка умирала, а веднаш потоа танцувале на нивната омилена песна од ѕвездата „Blank Space“.

Пејачката била неверојатно трогната од писмото, по што ја известила девојката дека дефинитивно доаѓа на нивната официјална свадбена церемонија во Њу Џерси.

За време на приемот, таа ја изведе нејзината позната песна „Blank Space“ на која гостите танцуваа, а потоа остана и да позира за бројни фотографии со младенците и обожавателите.

Подарок - рачна изработка за младите од Тејлор Свифт

Таа изгледаше навистина одлично, со оглед на тоа што пред само неколку дена објави дека ја прекинува врската со нејзиното момче, популарниот диџеј Калвин Харис со кој посочи дека ќе останат добри пријатели.

Секоја чест за Тејлор!

Објавено:
6 јуни 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
927 пати