Секси и на 60 години

11 јуни 2016

Познато е дека во модната индустрија се врати трендот на агажирање возрасни модели. Досега во повеќе наврати бевме сведоци на 60+ жени се враќаат на голема врата на модната сцена, позирајќи за бројни магазини како „Вог“, „Спортс Илустрејтед“…

Нивната приказна ја продолжува и овој 60-годишен маж, кој уште еднаш ни покажа дека годините и убавината не се обратнопропорционални, како и годините и модната индустрија.

Филип Думас е името на мажот кој пред седум месеци на Imgur прашал дали би сакал некој да го фотографира, бидејќи животна желба му е да стане модел. Исто така, неговите фотографии се појавиле на „Reddit“, по што стануваат сѐ позабележани.

Тој е од Париз и откако фирмата во која работел, а поврзана со филмската индустрија, банкротира, одлучува да се посвети на нешто што отсекогаш го посакувал.

-Мојата кариера како сениор модел е млада, но почна одлично. Имам големи очекувања. Благодарение на мојата работа, често бев опкружен со млади луѓе, дали за време на снимање филм или фото-сет, не е важно. И во тоа време, најголемо изненадување за мене беше кога ќе ми дадеа комплимент за изгледот и ќе бараа да се сликаме селфи. Конечно, и понатаму мислам дека стареењето не е лоша работа  – вели Думас за француските медиуми.

Неговата желба стана стварност. Филип веќе има закажано неколку фото-снимања и кампањи и уште еднаш помогна во редефинирањето на стандардите за убавина, тетоважите и годините.

-Ние мораме да бидеме внимателни кога ќе почнат годините да надоаѓаат. Да не биде пречувствителни на трансформациите што му се случуваат на телото и да не дозволиме да земат замав. Неопходно е да не се откажувате и да продолжите со истите активности и животни навики како кога сте биле млади – советува Филип.

Објавено:
11 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.254 пати