Најскапата чанта на светот

13 јуни 2016

Аукциската куќа „Кристи“ со седиште во Хонг Конг ја продаде досега најскапата чанта на светот. Оригинално направена во 2008 година, со големина од само 30 сантиметри, „Ермес Биркин“, која во својот опис се вели дека е изработена од редок Хималајски Нилотикус крокодил, декорирана со дијамнти и злато, се продаде за неверојатни 300.168 американски долари. Сопственикот инсистирал да остане анонимен.

Инаку, последниве неколку месеци, „Ермес“ е на удар од сите возможни медиуми, да престанат да користат крокодилска кожа, со најавени бојкоти, но очигледно човечката потреба да уништува без никаква совест и грижа нема граници. Затоа, оваа вест ја проследуваме со огромна иронија и зачуденост до каде може да отиде човек кој има безобразно многу пари.

Објавено:
13 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
670 пати