Овој јуни италијанскиот бренд за чевли BATA слави десет години постоење во Македонија. Во двата продажни салони во Скопје, љубителите на модерниот дизајн и врвниот квалитет секоја сезона може да најдат чевли кои ги следат последните трендови, а во исто време се удобни и гарантираат пријатно чекорење.
Овој значаен јубилеј го одбележуваме преку повеќе активности и изненадувања за купувачите, но и преку интересна соработка со дел од пријателите на BATA.
Тие добија задача да го одберат својот омилен модел BATA чевли за сезонава и да го инкорпорираат во сопствениот, препознатлив стил.
Фотосесијата на која навистина беше забавно и интересно да се види како секој го интерпретира брендот, ги вклучи Ана и Елена од веб страната Скопје се носи, модниот новинар Небојша Толески од Теа Модерна, Виктор Цветановски одговорен за кастинг на Моден викенд Скопје, дизајнерката Ивана Кнез, Aна Несторовска и Катерина Тrајановска од Stylist.mk, стилистката Милена Танаскоска, Марија Мечева уредник во Fashionel.mk, Бојан и Марија од Eye Cue, блогерката Емилија Вучиновска и Бојана Максимовска од списанието Портрет.
Еве како дел од нив го доживуваат носењето BATA чевли:
Марија Мечева, уредник Fashionel.mk
„Квалитетната изработка, естетскиот дизајн и удобноста се моите три основни предуслови при изборот на чевли, а чевлите на Бата беспрекорно ги исполнуваат сите три. За фотосесијата по повод 10-годишниот јубилеј на #Batamkd одбрав спортски сандали на платформа кои совршено се вклопуваат во мојот секојдневен стил. Среќен десетти роденден“.
Ивана Кнез, моден дизајнер
„Во секое време, за секоја прилика, магични чевли кои освојуваат погледи.“
Eye Cue, музички бенд
„Чевлите BATA се спремни за сите твои авантури, дали си и ти?”
Емилија Вучиновска, модна блогерка
„Мојата љубов кон добар пар на чевли од мајка ми се префрли и на мене. Кога станува збор за купување на чевли, Бата е секогаш мој прв избор. Сите модели на чевли од Бата знаат да ја заведат мојата имагинација и да ја трансформираат мојата облека. Знаат да ми го подигнат расположението на повисоко ниво. Довербата е исто така чувство кое ме прати додека ги носам моделите на Бата, бидејќи се додаток кој во истовреме ја декорира мојата нога и и дава доза на удобност со нивната прецизна изработка и внимателно одбрани природни материјали. Тие се дефинитивно причина плус да се чувствувам одлично во сопствената кожа.”
Задолжени за фотографија беа Ани и Дими, додека пак за шминката се погрижи Васе Доковски.
Брендот BATA постои од далечната 1894 година, а е основан во поранешна Чехословачка од страна на Томаш, Ана и Антонин Бата, кои уште на самиот почеток поставиле нови стандарди во производството заменувајќи ја класичната работилница со погон од најпрво 10, а веднаш потоа 50 вработени. Денес BATA има повеќе од милион купувачи дневно, а за тоа е заслужен бизнис моделот базиран на квалитет и достапност, водечки производи и постојана иновација.