Експертите за фенг шуи предупредуваат на „кризни“ точки во вашиот дом, кои делуваат како „собирачи" на негативна енергија која понатака вие ја впивате. Домот е оаза на мир, топлина и љубов на секој човек, место за живот кое се гради со најблиските луѓе за да се почувствувате што подобро и поубаво. Токму затоа треба да водите сметка за некои негови делови кои можат да имаат неповолно влијание на расположението, здравјети и умот.
Неуреден влез во домот
Според советите на древните кинески дисциплини, доколку сакате позитивна енергија во својот дом, неговиот влез мора да биде чист и уреден. Пред влезната врата не оставајте кеси со ѓубре, предсобјето направете го проодно без многу непотрени работи и неред.
Недостаток на билки и цвеќиња во домот
Познато е дека билките служат, не само како преубав укрс во домот, туку и како природен филтер на воздух кој ги упива сите токсини и лоши материи од него. Оплеменете го својот дом со зелени билки кои внесуваат свежина, светлина и го намалуваат стресот или разнобојни цвеќиња кои зрачат со радост и ведрина. Фенг Шуи советниците препорачуваат бамбусово дрво за кое се верува дека им носи среќа на станарите.
Целата содржина прочитајте ја > ТУКА